Секс за секого: Одберете си најдобра поза по ваша мерка

Сакате сексот да трае подолго? Можеби сакате да забремените? Или, пак, можеби вашиот партнер има натпросечно голем или мал пенис? За се постојат совршени секс пози, а ние ви откриваме кои се тие

Најдобра поза за забременување

Иако е точно дека може да се забремени во било која поза, постои една која експертите ја истакнуваат затоа што ги зголемува шансите за бременост. Ако сакате бебе практикувајте мисионерска поза во која мажот е горе. Препорачливо е под задникот на жената да ставите јастук поради што спермата полесно ќе го најде вратот на матката се до јајниците. Во мисионерската поза во вагината останува поголема количина сперма, додека во другите пози истекува од вагината.

Најдобра поза за женска самодоверба

Ако се чувствувате несигурно во сексот, најдобра поза за чувство на контрола е таа во која жената е горе. Додека сте над партнерот не заборавајте да експериментирате – може да клечите, лежите, да се движите напред назад, кружно – изборот е неограничен.

sex_hot-610x250

Најдобра поза за женски оргазам

Позата CAT (coital alignment technique) e одлична варијација на мисионерската. Мажот мора да се лизга кон напред со рамењата речиси потпрени на партнерката. Во оваа поза клиторисот посилно се стимулира, со што се олеснува оргазамот.

Најдобра поза за долг секс

Мисионерската поза е идеална за ова, но тоа може да биде и било која друга поза во која пенетрацијата е лесно да се започне и запре во клучниот момент. Ако сакате да искусите нешто поинакво тука е и позата „лисица“ во која жената ги става нозете на рамената на партнерот. Во оваа поза пенетрацијата е подлабока, а возбудата поголема.

sex_positions_men_on_top_600x450

Најдобра поза за жените кои во сексот чувствуваат болка

Жените кои во текот на сексот имаат болка, своето интимно доживување може да го подобрат со одредени пози. Како прво, многу е важна влажноста, па не е на одмет употреба на лубриканти на база на вода. Во овие случи се препорачуваат пози во кои жените ја имаат контролата, а најдобра е онаа во која жената седи на мажот.

Најдобра поза ако партнерот е многу надарен

Најдобро е двајцата да легнат на страна, а партнерката може да ги рашири нозете и едната да ја префрли преку него.

rsz_p662_02_2008-02-14_mya_steve_eos5d50_9451

Најдобра поза за мал пенис

Најдобро е кога жената е горе и кога практикува кружни движења, а не горе доле. Мисионерската поза е одлична, но со нозете на неговите рамена.

- Реклама -