Сексуално преносливи болести се една од темите за кои многу тешко се наоѓа соговорник. Затоа, ви нудиме неколку одговори на најчесто поставуваните прашања од оваа област.
Колку време е потребно да се манифестираат првите симптоми на СПБ?
Бактериските инфекции се манифестираат за неколку недели, вирусните можат и после неколку години, а некои од нив воопшто не манифестираат симптоми.
Во врска сум подолг период, неодамна ми е дијагностициран ХПВ, дали ова значи дека тој ме изневерил?
Не мора да значи. Манифестациите на вирусните инфекции, како што рековме, може да бидат после неколку години.
Се сомневам во кламидија, кои се симптомите?
Најчесто појава на жолтеникаво-зеленкаст секрет за време на уринарење, проследено со пецкање. Симптомите не се секогаш исти, затоа итно теститрајте се.
Дали со јогурт можам да ги излечам габичните инфекции?
Не. Ако нанесете јогурт на тампонот можеби ќе ги олесните тегобите, но нема никакви шанси да ја излечите габичната инфекција.
Тој има херпес, дали и јас ќе го добијам?
Не мора да значи. Апстинирајте за време на појавата на херпесот, користете заштита, а вашиот партнер редовно нека ги прима таблетите.
Ако мојот сексуален однос секогаш е заштитен дали имам потреба од тестирање од СПБ?
Да. Ниту кондомот не дава целосна заштита. Оптимална заштита од сексуално преносливи болести е само апстиненцијата.
Објавено во соработка со За Здравје.