Денес добриот секс е предуслов за долга и среќна врска, но во викторијанското доба на него се гледало како на нешто „одбивно и болно“. Во дамнешната 1894 година Рут Смитерс напишала водич за секс со што би ги подготвила малдите дами на тоа застрашувачко искуство. Сексуалниот водич во денешно време веројатно би бил еквивалентен на филмска адаптација „Како да изгубиш маж за 10 дена“. Сепак, забавно е да се види како во минатото се гледало на овој чин.
Нејзиниот главен совет бил: „Давајте малку, давајте ретко и најважно од се – давајте без задоволство“.
Водичот меѓу останатото го носи и овие совети:
Паметната млада сопруга ќе ви допушти најмногу два сексуални односи седмично (по некое време, ќе се обиде да ја намали таа бројка).
Себичниот (и склон кон секс) сопруг, лесно ќе ја искористува својата жена. Клучно правило на бракот кое никако не смее да се заборави е: давајте малку, ретко и без мерак. Инаку нешто што би можело да биде пристоен брак ќе се претвори во оргија на сексуални желби.
Паметната жена никогаш нема да му допушти на мажот да го види нејзиното голо тело, таа никогаш нема да допушти мажот да го покаже своето голо тело пред неа.
Паметните жени знаат дека сексот е нешто што треба да го избегнуваат.
Кога ќе легне во кревет, жената треба да го изгасне светлото и да биде тивка, за да не го привлече мажот.
Ако сепак се случи тоа, треба мирно да лежи бидејќи движењето на телото мажот може да го протолкува како сексуално возбудување.
Сексот ако не може да се спречи, би требало да се практикува во потполна темнина.
Ако мажот се обиде да заведува со слатки зборови, паметната жена треба да се досети да му постави некое несексуално прашање.
Жената мора да биде сосема мирна во текот на сексот. Мирно да лежи и без оглед на околностите да не диши длабоко или да испушта звуци во текот на односот.
Откако мажот ќе заврши, паметната жена веднаш ќе започне да го заморува со ситни задачи кои сака да ги направи следното утро.
Паметните жени секогаш бараат нови методи со кои ќе го обесхрабрат мажот или ќе му го скратат сексот.