Идеалниот секс не би требало да трае подолго од 23 минути, покажа студијата на британскиот синџир на продавници за секс-играчки „Lovehoney“, а истражувањето на Центарот за промоција на сексуалното здравје на Институтот Кинси во Индијана покажа дека сексот во просек трае околу половина час.
Не е јасно дали во двете истражувања се вклучени и минутите за предигра. Иако сите мислиме дека трае многу пократко, просечната предигра трае околу 20 минути. Имаме секс 103 пати годишно, односно речиси секој трет ден, што е во рамките на препораките на славниот доктор Оз.
Тој тврди дека ако практикуваме секс најмалку два пати неделно, го зајакнуваме иминутетот и го зголемуваме нивото на серетонин, хормонот за среќа, па тој ритам е предуслов за добро здравје.
Експертите велат дека во текот на триесетминутниот секс трошиме околу 200 калории. Ако се задржиме на просекот, тоа значи дека со оваа „слатка вежба“ може да изгубиме околу 5,8 килограми за една година.
По 50-тата почнува уживањето
Дури 70% жени постари од 50 години велат дека сексот им е подобар отколку во младоста и 74% мажи над 50 уживаат повеќе во сексот отколку во 40-тите.
Совршена должина
За задоволство се доволни 12 сантиметри, но совршениот „алат“ има меѓу 18,4 и 20,9 сантиметри
Женска тактика за помош во куќата
Дури 84% жените имаат секс со партнерот за да ги натераат да им помогнат околу домашните обврски.
Жените тврдат: Кој повеќе тренира, повеќе и ужива
Околу 48% жени велат дека глумат оргазам, а 45 отсто од нив признаваат дека со вежби успеале да дојдат до поквалитетен оргазам.