Сексот во Бразил качува левел

Erotikland-11[1]

Обединетите Арапски Емирати имаат Ferrari World, Кина мами туристи со Империјата на џуџињата и со имитација на DisneyWorld, а во Аргентина можете да го посетите забавниот парк „Република на децата“. Сепак, Бразил го има кецот во ракавот и планира да ја уништи конкуренцијата со ErotikaLand – огромен парк посветен на сексот и достапен само за возрасни.

За 100 евра, посетителите ќе имаат можност да влезат во „земниот Рај“ на телесните задоволства – 7D кино со вибрирачки седишта, воз на задоволството (а не на стравот) – во кој ќе се возат напалени момци и девојки, нудистички базен, „секс игралиште“, трки и судари со колички во форма на гениталии, огромна продавница за секс играчки и ресторан за јадења со различни видови афродизијак…

Единствениот услов е што во ErotikaLand сексот ќе се гледа, допира и чувствува, но нема да се практикува, макар што по тоа прашање дизајнерите на XXX забавниот парк ќе изградат и мотели во близина, за туристите што ќе сакаат да  преминат на „следното ниво“.

erotikaland

Според планот, ErotikaLand треба да ги отвори вратите некаде во 2018-та година, во близина на градот Пирасикаба, Сао Паоло, но во моментов наидува на мали проблеми, затоа што против големата туристичка инвестиција, која патем е планирана на терен од 150.000 метри квадратни, има протести. Локалните жители сметаат дека со ErotikaLand ќе се испраќа погрешна порака кон странците.

„Ние не треба да дозволиме да се претвориме во светска престолнина на сексот“, инсистира општинскиот советник Матеуш Ерлер.

Од друга страна, инвеститорот Мауро Мората тврди дека ќе отвори 250 работни места, како и дека секој од идните вработени ќе биде своевиден наставник по однос на безбедниот секс. ErotikaLand ќе има и музеј за историјата на сексот и сексуалноста. „Тоа нема да биде место за калуѓерки, но нема да биде ни Содом и Гомора“, ветува тој.

Brazil_Sexy[1]

А Бразил веќе го носи имиџот на една од најсекси туристичките дестинации, главно поради традиционалниот карневал во Рио, „еротската“ плажа Копакабана и неодоливите полу-голи девојки кои се присутни во повеќето реклами, музички спотови и сите фудбалски натпревари на Селесао. Бразилски топ модели треба да набројуваме? Сепак, по сé изгледа тоа не е доволно, па очигледно бразислката забавна индустрија планира да ја подигне летвата.

- Реклама -