Сепак мораме во теретана: Сексот согорува само 50 калории

Иако научниците до сега тврдеа дека со сексот се согоруваат многу калории и дека е одличен супститут за вежбањето, едно ново истражување покажа дека тоа и не е баш така.

Сексот согорува само 50 калории, што значи дека додека се потиме, напнуваме или менуваме пози, трошиме еднакво како при кратка прошетка.

Овие поразителни податоци ги носи Давид Алисон од Универзитетот Алабама во Бирмингем, кој го истражил митот за согорувањето на калории во текот на сексот. Просечниот секс трае 6 минути, што значи дека не се троши ни приближно онолку калории колку што мислевме, а Алисон тврди дека овие лажни претпоставки, меѓу другото, придонесуваат за дебелеење.

recession-couple-sex-bed

Добра вест: ако отспиеме околу час и половина ќе потрошиме повеќе калории отколку во текот на сексот, па наша препорака е да ги комбинирате овие две работи.

- Реклама -