Сексот со повеќе од 20 жени го намалува ризикот од канцер на простата

Добри вести за Дон Жуаните во светот.

Научниците на Универзитетот во Монтреал спроведоа истражување чии резултати покажуваат дека мажите што спиеле со повеќе од 20 жени во животот, имаат за 28 проценти помали шанси да ја добијат болеста. Исто така, имаат 19 проценти помали шанси да развијат агресивен тип на канцер, за разлика од мажите што спиеле само со една партнерка.

Од друга страна, мажите девици имаат два пати повеќе шанси да им биде дијагностициран рак на простатата, од оние сексуално-искусните.

Кај мажите кои се покажало дека имаат рак на простатата имало двојно повеќе случаи во кои некој од роднините исто така имал канцер. Сепак, студијата тврди дека постои потенцијална поврзаност помеѓу ризикот и бројот на сексуални партнерки.

13-Reasons-Why-You-Have-NO-SEX-DRIVE[1]

„Можно е дека имањето повеќе женски партнерки резултира со поголема фреквенција на ејакулации, чиј заштитен ефект против канцерот на простата е веќе забележан во претходните студии“, вели професорката Мари-Елис Парент.

Според теоријата, големиот број на ејакулации можат да ја намалат концентрацијата на канцерогени супстанции во простатичните флуиди, кои се составен дел од спермата. На овој начин се намалува и бројот на кристални структури во простатата, кои често се поврзуваат со канцерот.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Интересно е што студијата наведува дека ова не важи и за геј мажите. Кај нив, имањето на повеќе од 20 партнери ги дуплира шансите за појава на рак на простатата. Имањето на еден партнер воопшто не влијае на ризикот. Во обид да даде објаснување, Парент мораше да шпекулира: „Веројатно тоа се должи на фактот што аналниот секс предизвикува физичка траума врз простатата“, притоа заблагодарувајќи им на хомосексуалните испитаници за искреноста, без која, смета таа, немало да ја откријат поврзаноста на бројот на сексуални партнери и ризикот од заболување.

На прашањето дали овие резултати би значеле дека треба да се промовира промискуитет кај хетеросексуалните мажи, заради здравствени причини, таа одговори: „Не, сеуште не сме стигнале до таму“.

- Реклама -