Психолозите од Кантерберискиот Универзитет во Нов Зеланд спровеле студија во која целта беше да се открие колку е важен сексот за луѓето во однос на останатите активности во нивниот живот.
Резултатите ги изненадија сите. Сексот за луѓето претставува подрага активност од, на пример, лудите забави со алкохол, па дури и од дружењето со сопствените деца.
Научниците ги следеле дневните случувања на испитаниците, а секој од нив морал да оцени колку која активност го задоволува и исполнува.
Испитаниците оценувале 30 активности, од грижа за децата до видео игри, а ги вршеле врз основа на низа критериуми во кои главна задача е да се одреди степенот на задоволство кој го предизвикуваат истите.
После проучените резултати, се покажало дека сексот омилена активност на испитаниците. Веднаш зад неа се нашле одличните забави кои вклучуваат многу алкохол, па квалитетно поминатото време со сопствените деца.
Според тврдењата на експертите, не треба да сме изненадени или разочарани што децата не се најдоа на првото место на приоритетите. Тие откриваат дека доколку тестирањата биле извршени на поинаков начин, сигурно резултатите би покажале дека децата се најважни.