Постојат различни ставови околу тоа дали сексот е табу тема, или пак, дали навистина треба да е така.
Сепак, за сето она што ве интересира секогаш треба да се обратите на гинеколог или стручно лице кое може најдобро да ви одговори на се што ве интересира. Дотогаш, ги прербаравме на интернет мислењата на сексолозите, па ќе одговориме на прашањата кои „скокоткаат“.
Колку трае предиграта?
Идеална должина на предиграта е околу 20 минути. Меѓутоа, на некои жени им е потребно и повеќе, а на некои МНОГУ помалку. Не постои правило околу ова. Сепак, колку подолга предигра, толку повозбудлив секс.
Дали е важна должината на пенисот?
Мажите сметаат дека должината на машкиот полов орган е пресудна за добар секс. Меѓутоа 87% од жените преферираат просечна должина на пенисот, околу 14,3 сантиметри. Сексот со „надарените мажи“ може да биде болен. Безразлика на голем дел од жените им е поважна дебелината за време на пенетрацијата, а бројни женски искуства покажуваат дека многу од тоа зависи од партнерот, а не од природата.
Можно ли е да сте го измокриле креветот за време на секс?
Во мочниот меур останува урина дури и откако жената ќе отиде во тоалет. Одредени секс пози можат да создадат притисок врз него со што ќе предизвика урината да протече. Ако ви се случува повремено нема причина да се вознемирувате, но ако ви се случува често можно е да станува збор за инконтиненција (неволно и неконтролирано мокрење) заради што треба да отидете на гинеколог.
Зошто некои мажи можат неколку пати по ред да водат љубов?
Ова зависи од тоа колку години имаат. Мажите во тинејџерските години се способни за нова ерекција околу 15 минути после ејакулацијата. Но, доколку мажот е постар неговата желба за секс после првиот сексуален чин е помала, па може да не дојде до повторна ерекција.
Дали заштитата го намалува задоволството?
Доколку сметате дека заштитата ќе ве спречи да уживате, грешите. Најдобро е да се одлучите за безбеден секс и да користете квалитетни кондоми, како и други облици на контрацепција.
Дали непристојните зборови се посакувани?
Во креветот сè е дозволено доколку на партнерите не им е непријатно или перверзно. Но, претходно отворено поразговарајте со партнерот на оваа тема. Доколку тоа ве „пали“ уживајте во валканите муабети.
Кој е најголемиот машки страв во сексот?
Најчестиот машки страв е прераната ејакулација. Дури 72% од мажите чувствуваат грижа на совест доколку прерано доживеат кулминација и ја разочараат својата партнерка. За разлика од нив, на жените им е повеќе страв доколку кај мажот не дојде до ејакулација, што честопати може да се случи и како последица на стрес или преголема трема.
Зошто после сексот жените се емотивни?
Жените после интимниот однос сакаат да лежат и да се гушкаат со партнерот бидејќи подолго време се возбудени. Спротивно на нив, мажите после сексот се поизморени и понезаинтересирани.