Сексот е заслужен за мојата витка линија

Мајката на три деца, и некогашната „Спајсица“ Мелани Би, неодамна во една емисија изјави дека таа и нејзиниот сопруг водат љубов и по пет пати дневно, на што ја препишува заслугата за нејзината витка линија.

Мелани и филмскиот продуцент Стефано Белафонте во брак се веќе седум години. Инаку, поранешната членка на жири комисијата на „America’s Got Talent“, со поранешниот сопруг Џејми Гулзар ја има четиринаесетгодишната ќерка Фенис, а со сегашниот сопруг двегодишната ќерка Медисон.

Од кратката афера со Еди Марфи таа ја има шетгодишната ќерка Ејнџел Ирис. Тој, кога дозна дека таа е бремена, ја остави преку телевизиска емисија во која гостуваше. Го негираше татковството се додека со ДНК анализа не се потврди спротивното, по што го призна детето.

- Реклама -