Една од најубавите холивудски трудници Хали Бери ужива во бременоста во нејзината 47. година од животот и по се изгледа лесно ја поднесува.
Хали Бери беше фотографирана со нејзиниот животен сопатник Оливер Мартинез, а за оваа прилика одбра комбинација со која го истакна стомачето, но и нозете на кои и во длабока бременост може да биде горда.
Актерката за романтичната вечера одбра тесен црн фустан, преку кој облече свилена туника без ракави. Со елегантниот стајлинг убаво ги искомбинирала црните сандали со тенка, висока потпетица.