Кога е во прашање косата, постојат многу идеи на располагање. Од рамна коса, до виткана, со шишки или без, до класична ниска пунџа или високо коњско опавче.
Здравата и негувана коса е приоритет на секоја жена, која води сметка за својот изглед. Тоа е она што го забележува секој и на кое што мажите обрнуваат внимание.
Самодовербата е секси за секоја жена, а она што прави многу дами да се чувствуваат убаво и самоуверено е добрата фризура, заводливата мирисна нота на омилениот парфем и беспрекорниот тен.
Крупни кадрици
Можете да ги направите самите. Со фигаро или доколку ја свиткате косата во мали пунџички со ластичиња. Држете ги на главата околу еден час и повремено сушете ја косата со фен. Кога ќе ги извадите ластичињата, ставете малку пена за коса, за кадриците да траат подолго.