Секси долна облека за Денот на заљубените

Денот на заљубените се приближува, па повеќето млади на овој ден се во дилема како да ги израдуваат своите партнери/ки. Одговорот е едноставен: и во двата случаи нема да погрешите доколку се одлучите за секси долна облека. Едноставно, ваквиот подарок е полн погодок, на кој ќе се израдуваат двете страни. За тоа која боја најмногу ќе и одговара на партнерката, прочитајте во продолжение:

Црниот модел е класика. Без разлика дали е едноставен, украсен со чипка или комбиниран со некоја друга боја, не можете да погрешите.

50575_ves3_630x0

Тука е и розовата боја, секогаш примамлива за машките очи, а удобна и секси за девојките.

50574_ves5_630x0

Зелената боја не губи на актуелност. Таа и најобичните модели прави да изгледаат луксузно.

50577_ves1_630x0

Пастелните бои пак се спој на нежност и сексипилност. Романтичната нота во потполност одговара на Денот на заљубените.

50576_ves7_630x0

Црвениот долен веш отсекогаш бил и ќе остане на тронот за сексипилност.

tumblr_n0b5nuYXFq1rmfv8to1_500 tumblr_n09yhsKrN11qgxdbdo1_500

Тука е и виолетовата боја која одлично прилега на сечиј тен.

50570_ves_630x0

Шарените модели исто така можат да разбудат вистински оган.

50573_ves6_630x0

Сепак, кога бирате долен веш, не заборавајте дека големината на моделот е секогаш пресудна. На девојките исто така им преостанува да се погрижат за останатите детали како фризура, шминка и аксесоари. Направете овој Ден на заљубените да биде најстрастен досега.

- Реклама -