Убавите девојки се незаменлив дел од стартната линија на секој голем шампионат.
Убавите девојки на стартната линија се клише кое со години е едноставно неизменливо за секоја голема трка – од Формула 1 до мотоциклите.
Годинава во Германија и Австрија со таблички со броеви и имиња на пилотите се појавија и мажи што не беше дочекано ентузијастички од публиката, како и од страна на пилотите.
Всушност, убавиците кои држат знаменце или плоча не треба само да го украсуваат настанот – од нив започнува претставувањето во живо на секој пилот кога ТВ операторот е блиску до автомобилот или мотоциклот и сака да ни ги покаже последните минути пред стартот.
И бидејќи пилотот веќе е со шлем и најчесто зборува на радио со инженерите во боксот, единственото што може да го направи во тој момент е да ги поздравува со рацете ТВ гледачите кои не гледаат многу од него, но затоа пак не ги забораваат девојките кои стојат крај него.
Ви нудиме галерија на убави девојки, без кои што стартната линија би била доста здодевно и сиво место.