Машката сексуалност е доста сложена. Нештата што мажите ги сакаат, свесни или потсвесно, значително варираат во текот на животот.
Доба на страст: од 20 до 30 години
Овој период го карактеризира голема несигурност во себе и во сопствената сексуалност. Младите мажи се плашат дали ќе ѝ се допаднат на девојката, дали ќе бидат сексуално успешни и слично, па затоа избегнуваат контакт со девојка или ако стравот не е преголем, се пуштаат во освојување на кратки сексуални врски без емоционално врзување. Тоа им помага да ја развијат својата самодоверба и да ги запознаат девојките, нивното однесување и реакции.
Доба на разумот: од 30 до 45 години
Сексот повеќе не е тема број еден, а во првиот план избиваат животните цели. Сега на мажите им е важен интелектуалниот потенцијал на партерката, а физичката атрактивност иако и понатаму е важна, не е единственото нешто што го интересира.
По 50 години
Факт е дека кај поголемиот дел од мажите желбата за секс по 50 години се намалува. За да го компензирате недостатокот на страст, внесете во интимните односи што повеќе блискост. Гледајте се во очи за време на орален секс или силно фатете се за раце во моментите на оргазам.
Секс по 60-та година, зошто да не?
Сексуалата активност кај мажите може да трае целиот живот. Важно е само мажите да се грижат за своето здравје и да имаат на ум дека некои лекови пречат врз еректуалната функција. Во консултација со лекар тоа може да се избегне. Главно правило за здрав секс после 60. година е што почесто – тоа подобро.