Седум трикови со кои тој сигурно ќе посака секс

Ако видите дека партнерот е нерасположен, нервозен, тажен или под стрес, пробајте ги овие едноставни трикови со кои ќе ја разбудите неговата сексуална желба.

Храна

Филмските сцени во кои жената го храни мажот и на тој начин го освојува, секогаш лесно се паметат. Пригответе му некое јадење со грозје, јагоди или чоколада. Спојот од храна и од секс никогаш не може да биде лош.

Масажа

Стандардната масажа на грбот и на рамената претворете ја во сензуално искуство. Нежната масажа со рацете продолжете ја со бакнежи и со допири и за кратко таа ќе се претвори во страстна предигра.

Музика

Сензуалниот звук е еден од најдобрите начини за загревање на атмосферата. Пуштете ги омилените љубовни песни, а еротскиот танц е повеќе од добредојден.

Купка

Топлата купка со многу свеќи и со две чаши црвено вино ќе ви донесе голема желба за водење љубов.

Порака

Кратката СМС-порака во текот на денот ќе го потсети дека мислите на него и сигурно ќе го подобри неговото расположение. Очекувајте да ви се оддолжи кога ќе се врати од работа!

Појадок

Малкумина би можеле да останат рамнодушни на свежо припремен појадок во кревет. Припремете го неговото омилено јадење, убаво сервирајте го и гледајте го како се буди со насмевка на лицето. Соопштете му дека сте спремни.

Флерт

Неочекуваната посета на работното место е супер повод за да го шокирате со страстен бакнеж и флерт. Кога ќе си заминете нема да може да мисли на ништо освен на вас.

- Реклама -