Секс совети за првата ноќ со нов партнер

Секогаш мора да се помине низ фазата –  првиот секс со нов партнер, без разлика дали тој ќе се покаже како вашиот животен сопатник. Еве и неколку правила за преминување низ оваа фаза.

1. Не претерувајте со алкохолот

Голем број на жени, а и мажи се возбудени, па  дури и  малку исплашени од првата интимна блискост со новиот партнер. Поради тоа за  „за храброст” свртуваат чашка по чашка. Ова сепак е грешка, тврдат експертите, бидејќи истото може да предизвика непотребна нервоза и да ги  намали сексуалните можности како на мажот, така и на жената. Затоа ако го отворите шишето, не претерувајте.

2. Подгответе ја сцената

Намалете ја светлината, вклучете пријатна музика и не заборавајте да ги ставите презервативите на место од каде што ќе ви биде најлесно да досегнете. Ако средбата се одвива на територијата на дамата, за секој случај не се потпирајте на мажот во однос на перзервативите, туку купете си сами.

 3. Соблечете се во темница

Бидејќи за прв пат ќе ве види гол/а, подобро е да се соблекувате на темно или на полуосветлено. За многумина голотијата не е едноставна работа. И соблекувањето треба да биде постепено. Соблекувајте се  полека и трпеливо. Може да ви биде мирно и пријатно ако прв пат сте на слабо светло.

4. Одвојте време за  милувања

Во ваков случај тие имаат огромно значење, бидејќи лесно може да го стопат срамот и да ја разгорат сензуалноста.

5. Проучувајте се меѓусебно

Финалната фаза од интимната предигра  е прекрасна можност да ги дознаете ерогените зони. Нема ништо срамно ако прашате за тоа и го добиете соодветното упатство.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

6. Без крајности.

Првиот секс со нов партнер не е случај  во кој треба да го ослободите  сексуалниот ѕвер, кој што тлеел во вас, велат уште сексолозите. Бидете трпеливи.

7. Нека води жената

Кога работата ќе дојде до пенетрација, подобро е мажот да  ја предаде иницијативата во рацете на жената. За да не и биде болно или непријатно, нека избере смирена поза, како и дозволете и  самата да го одредува темпото. При овој секс е пожелно да се користи било кој од варијантите на позата „жената одозгора” – ова овозможува да се почитува потребниот ритам. Мисионерската поза исто така е можна, но кај неа мажот треба да биде исклучително внимателен кон партнерката и да и овозможи да дава инструкции.

8. Не очекувајте нешто исклучително!

Многу е важно да не се надевате на чудо и да не претерувате со очекувањата. Интимноста во сексуалните односи е квалитет кој се развива постепено и за него се бара време. Особено за да се чувствува жената максимално удобно и да биде целосно слободоумна. Рекордите на сензуалност ќе дојдат подоцна, кога постепено ќе се запознаете сексуално и ќе доработите на  сите бариери на патот кон целосното уживање.

9. Однесувањето потоа

По односот во никој случај не се вртете  со грб и не заспивајте веднаш. Тоа е времето за прегратки, бакнежи,  нежности, сметаат експертите. Ова е прв пат и треба да покажете еден на друг дека сте исполнети со радост од она што се случило. Пред да заспиете,  бакнете се за „добра ноќ”, а наутро една романтичен појадок ќе биде прекрасен завршеток на чудесната ноќ.

- Реклама -