Годината што денес ја оставаме зад нас донесе одредени напредоци, но и по некој чекор наназад во полето на сексот. Следува листа на најрелевантните секс случувања и теми што ја обележаа 2014-тата.
1. Сексуалните трендови се безмислени, ама и безопасни
Од „пост секс селфи“ до „ламберсексуалци“, друштвените мрежи оваа година доживејаа вистински бум од нови и бесмислени сексуални трендови. Некои заживејаа, некои ги заборавија, ама останува фактот дека нивниот број расте, од што може да се заклучи дека на општеството можеби му требаат вакви појави… од некоја си причина.
2. За секс скандалите се поотворено се зборува
Тука можеме да го земеме и примерот на Бил Козби и обвинувањата за нешто што се случило многу одамна. На страна вината или лажноста на обвинувањата, важно е што перцепцијата за улогата на жртвата и предаторот битно се измени и дека јавноста покажува се повеќе сензибилитет за случаите на сексуално злоставување. Се помалку има „недопирливи“, а настапите на познатите личности во јавноста токму на ваквите теми ги охрабруваат жртвите кои со години молчеле заради страв од срам или неразбирање од околината.
3. Порнографијата доживува сериозна цензура
Неодамна, одборот за филмска цензура на В.Британија направи листа на активности кои веќе нема да смеат да се практикуваат во порно филмовите. На листата се најдоа „спанкинг“, удирање со стап, агресивно камшикување, пенетрација со предмети поврзани со насилство, физичко и вербално омаловажување, уролагнија (сексуална игра што вклучува уринирање), женска ејакулација, давење, „фејс-ситинг“ и „фистинг“. Последните три се забранети заради тоа што „претставуваат потенцијална опасност по живот“, како што се наведува. Настанот ескалираше во масовни протести пред зградата на британскиот парламент во кои активистите „оргијаа“ со надеж дека така ќе ја спречат цензурата.
4. Порно филмовите се се уште табу
Можеби затоа што се плашиме од својата сексуалност или заради тоа што сметаме дека порното лошо влијае на младите? Тешко е да се одреди. Сепак, факт е дека порнографијата, иако сакаме да мислиме дека сме напредни, останува табу.
5. Бисексуалци не постојат
Наспроти доказите кои говорат поинаку, 2014-тата прилично ја уназади перцепцијата која јавноста ја има за бисексуалците. Нивниот статус останува формално непризнат, а нивната сексуална ориентација практично се негира.
6. Сексуалната едукација не е на ниво
Се повеќе се зборува за неа и секоја напредна земја гледа на тоа како важен сегмент од воспитувањето и образованието на младите, но, чекорите кои беа преземени изминатава година не се во склад со целото тоа проповедање за важноста на сексуалната едукација, а особено не во склад со реалната потреба на општеството за сериозна и темелна сексуална едукација.
7. Технологијата станува секс партнер
Вибратори на далечинско, вибратори со аларм за будење и сличните секс-гаџети суптилно ги менуваат правилата во сексот, како и нашата перцепција дека тоа е чин што треба да се одвива исклучиво меѓу најмалку две личности. Да не заборавиме и на дроновите. Покрај тоа што предизвикуваат тепачки на натпревари, се почесто бележат и „случајни“ порнографски снимки од луѓе кои наводно не знаат дека се снимани додека имаат секс во поле со пченка. Тука се и 3D играчките кои ги принтаат 3D принтерите, апликациите за смартфони што мерат секс перформански и ве советуваат што да правите, и се разбира, додатоците за iPad кои ви овозможуваат да имате секс со самиот уред. Тука е и машката контрацепција Vasalgel, која допрва ќе се тестира на пазарот, како и новите секс кукли кои ем се екстремно реалистични, ем имаат зглобови и можете да ги наместите во сите пози што ќе ги наумите. Иако за сега новите технологии само срамежливо зачекоруваат на пазарот, прашање на време е кога ќе го преплават и тотално ќе го сменат значењето на поимот „секс“.
8. Моногамијата се почесто се менува со алтернативи
Еден куп реални шоуа и емисии секојдневно се бават со темите на можни алтернативи на моногамијата, а во подем се и друштвените мрежи кои преферираат оргии. Младите генерации се се послободни по прашање на сексуалноста, па се чини дека заедниците составени од повеќе сексуални партнери ќе станат вообичаена појава во општеството спремно да толерира различности.
9. Големите задници се се попопуларни
Не дека неодамна ги откривме, туку зашто се се повеќе експонирани во јавноста. Дури добија и своја врста „селфи“, наречена „белфи“… Некогаш беше само Џенифер Лопез, сега се Ники Минаџ, Амбер Роуз, Ким Кардашијан и кланот имитаторки, а крај нив и куп речиси анонимни девојки што „тверкајќи“ ги презентираа своите обемни задници. „Ако имаш голем задник, покажи го“ стана женски слоган во 2014-та.