Кога е дозволен секс на првиот состанок?

Девојките го избегнуваат сексот на првиот состанок бидејќи сметаат дека ќе остават негативен впечаток кај партнерот и целосно се во право. Но, постојат моменти кога сексот на првиот состанок едноставно е дозволен и оправдан. Кога?

Сакате да го преболите бившиот

Ако сакате да се забавувате за да ги отргнете мислите од вашиот поранешен партнер, сексот на првиот состанок е добра работа, но бидете сигурни дека вашиот партнер го сака истото и не ви препорачуваме партнерот да е од вашата околина.

Пријатели сте веќе долго време

Ако двајцата го сакате тоа, а притоа сте добри пријатели веќе години наназад, немате потреба да се плашите дека сексот ќе ви наштети. Едноставно препуштете се, ќе бидете презадоволни, а воедно и зближени.

На одмор

Одлична авантура на одмор, без обврски познатства, без ризик по вашиот углед. Едноставно што треба да внимавате е контарацепцијата, и уживајте.

- Реклама -