Фактот дека со секс се согоруваат многу калории е општо познат, но кои се позите со кои може да изгубите што повеќе килограми. Немојте да се откажете ако мислите дека не сте доволно издржливи и имагинативни. Ви нудиме неколку трикови со кои ќе го споите убавото и корисното.
Фитнес предигра – ова е првиот и наједноставен чекор. Додека се бакнувате, масирајте ја главата, долниот дел од вратот и рамената на својот партнер. Оваа масажа согорува околу 80 калории на час, а вашиот партнер сигурно ќе биде многу среќен.
Вежбање во интервали – фитнес инструкторите постојано ја нагласуваат предноста на вежбањето во интервали односно постепено додавање на вежби и засилување на нивниот интензитет. Обидете се со нови пози и слободно препотете се. Со врел и активен секс може да согорите и до 358 калории за еден час.
Магијата на мисионерската поза – оваа поза носи двострана корист. Партнерот што е долу ќе ги зацврсти стомачните мускули, а оној кој е горе ќе го зајакне горниот дел од телото.
Упатство за жени – кога партнерот се спушта кон вас, подигнете ги колковите и затегнете ги стомачните мускули. Исто така, може да ги ротирате колковите на кружен начин, така ќе го затегнете струкот, но и повеќе ќе уживате во сексот. Оваа вежба заменува 100 стомачни вежби.
Упатство за мажи – во текот на мисионерска поза потпрете се на дланки благо свиткајте ги лактовите. Обидете се да се задржите во таа поза, а со поместување на долниот дел од телото за време на сексот ќе ги зајакнете градниот кош, рамената и трицепсите.