Kоја секс-поза им се допаѓа на сите

Ако треба да им се верува на истражувањата на американскиот веб-сајт AdamEve, омилената секс-поза за 2012 година е онаа во која жената е горе.

Се чини дека луѓето, сепак, повремено ги менуваат навиките, а особено кога е сексот во прашање. За разлика од минатата година кога двојките најмногу сакале да имаат секс во мисионерската поза, оваа година работите и буквално се свртиле. Имено, најновите истражувања на сајтот AdamEve покажуваат дека годинава хит-поза за сексуални односи е онаа во која жената е врз мажот.

Во истражувањето учествувале 1000 возрасни испитаници, а требало да го одговорат кои пози најчесто ги практикувале во текот на оваа година, односно која поза им е омилена. Повеќе од 36 отсто од анкетираните откриле дека преферираат кога жената е горе, 33 отсто од нив и понатаму најмногу ја сакаат мисионерската поза, додека 20 отсто велат дека омилена поза за секс им е т.н. doggy style, односно кога жената со задникот е свртена кон мажот.

– Може слободно да се каже дека ова се многу добри резултати. Имено, секс-позата во која жената е горе ја зголемува интимноста меѓу партнерите, а на тој начин, исто така, жената ја има контролата. Тоа е многу добро затоа што многу жени и понатаму одбиваат да преземаат контрола кога е сексот во прашање – изјавила Кет ван Кирк, која по професија е сексолог.

 

- Реклама -