Каков секс е најдобар во лето

Летото е идеалниот период за малку опуштање и забава, а тоа значи и малку повеќе слобода во сексот. Искористете ги летните горештини за страстни интимни односи и прочитајте ги овие неколку идеи со кои ќе имате незаборавна забава сезонава.

Базен

Трикот на добриот секс во базен е да најдете добро место за придржување, затоа што во спротивно, ќе ја изгубите рамнотежата. Уште подобро е ако додека имате секс, вашите тела се најмалку до пола во водата, бидејќи таа носи посебна магија. Ако можете, никако не го пропуштајте ноќното капење.

69

Популарната поза е секогаш на врвот на најинтересните сценарија, оти дозволува двајцата партнери да уживаат во оралниот секс, а ако случајно малку изгоревте на сонцето и кожата ве пецка и затега, тогаш оваа поза е идеална за вас. Телата треба да бидат целосно слободни и да не се допираат, споени нека бидат само стратешките места, а по потреба и рацете и усните.

На брзина

Додека подготвувате скара за летната екипа, одвојте неколку минути и однесете го партнерот во кревет за брз секс. Обично таквите односи се полни со страст, а кога гостите ќе дојдат ќе бидете во одлично расположение и насмеани од уво до уво. Исто така, возбудата сигурно нема тука да заврши, па подгответе се за второ полувреме кога повторно ќе останете сами.

Песочна плажа

Сексот на плажа е нешто што секој човек би требало да го доживее барем еднаш во својот живот. Тоа е во исто време и ризично и романтично. Ако пронајдете пуста плажа, задолжително искористете ја можноста. Почнете нежно и полека, а завршете диво и целосно прекриени со песок.

Во море

И ова сценарио дефинитивно мора да се проба. Затоа додека сте на одмор со партнерот, напуштете ја плажата и преселете се во прекрасното море за да уживате еден во друг. Сепак, не заборавајте дека за овие експерименти мора да бидете сами на плажата, затоа што сигурно нема да ви биде годи ако нечии љубопитни очи ве набљудуваат и ви го уништат моментот.

- Реклама -