Најубавиот секс зависи од комуникацијата помеѓу партнерите. Знаејќи го тоа, компанијата “RealDoll” создаде секс кукли кои што зборуваат.
Модерните силиконски кукли се многу реалистични копии на жените, а по нарачка може да се изработи речиси секој детал од женското тело. Сепак, тим од специјалисти одлучи да отиде чекор подалеку и создаде кукла со интелект, која што ќе разговара како вистински човек.
Имено, таа споделува со нејзиниот сопственик дека сака да биде вистинска жена, сонува да разбере што е љубов и ужива да биде секс робот.
Се уште се развива и се работи на интелигенцијата на секс куклите. За две години се очекува тие да бидат на пазарот и да умеат да прават различни гестови и да одговорат на прашања од различни теми. Нивната цена ќе се движи околу 10 000 долари.