Секс кој би морале да го примените пред триесеттите

Дали некогаш сте се запрашале какво е вашето сексуално искуство во споредба со она на останатите жени? Доколку сметате дека вашето „портфолио“ не е доволно богато, ви носиме листа на секс-работи кои морате да ги испробате пред да наполните 30 години.

Секс на табу место

Без разлика дали на страстите ќе им подлегнете во куќата на вашите родители, неговата канцеларија или некое затскриено јавно место, возбудата ќе биде особено голема поради тоа што ќе се чувствувате по малку „злобно“ поради она што го правите.

Самите препуштете си оргазам

Колку сте повешти во тоа самите да си припуштите оргазам, толку појасно ќе знаете што точно ве возбудува и ќе знаете како да му покажете на партнерот.

16110_seks-foto-shutterstock_iff

Игра со улоги

Можеби ќе ви звучи како излитена „финта“, но доколку се одлучите за правилните улоги, оваа игра би можела значително да го загрее вашиот сексуален живот. Можностите за улоги се непресушни, па постои широк простор да ги остварите важите фантазии.

Гледајте порно филмови

Иако се уште се смета дека порно филмовите првенствено ги интересираат мажите, факт е дека и жените ги обожаваат филмовите за возрасни. Тие понекогаш можат да ја кренат вашата возбуда во предиграта и да ви дадат идеи кои би можеле да ги примените.

- Реклама -