Ако сакате да го зачините сексуалниот живот, а не сте од оние кои би отишле на шопинг во секс шоп, имаме решение за вас.
За купување на секс помагала нема потреба. Ви откриваме кои секс играчки ги имате дома, а не сте ни знаеле за тоа.
Главата на тушот
Можеби не сте ни помислиле дека интересна секс играчка се наоѓа во вашата када. При тоа не мислиме на сунѓерот или маслото за тело, туку на тушот кој знае да биде возбудлив секси реквизит. Употребете ја фантазијата и играјте си со брзината и јачината на млазот вода и во игрите вклучете го партнерот. Дива, луда и мокра забава е загарантирана.
Шал
Овој моден додаток не само што ќе ја разубави вашата модна комбинација, туку и сексуален живот. Можете да му ги врзете очите на партнерот или, пак, со неа да се галите по телото и ерогените зони. Може со неа да му ги врзете и рацете, а остатокот од сценариото ви го препуштаме вам.
Мобилен
Верувале или не, некои сексолози предлагаат малку да се поиграте со мобилниот. При тоа не мислат на испраќање секси пораки, туку вклучување на вибрациите.
Машина за алишта
Ако сакате дополнителни вибрации, машината е идеално решение. Сексот на овој домашен апарат веројатно не ви е непознат, но тие кои не пробале време е да го направат тоа. За зголемено задоволство, чекајте ја центрифугата.
Огледала
Јасен поглед на тоа што го правите ќе го зголеми сексуалното задоволство. Огледалата се одлични за соло игри, но и за игри во пар. Поставете го така што одредени делови од телото ќе ги гледате во акција.