Секс играчките се одлични за сите кои сакаат да уживаат до максимум и да пробаат нешто во спалната соба. Освен што ќе ви помогнат да уживате, знајте дека некои од нив благотворно делуваат на телото.
Прстен на задоволството
Овој прстен е наменет за мажите. Се става на пенисот, а на врвот има мал вибратор кој го стимулира клиторисот. Жените кои тешко доаѓаат до оргазам со помош на прстенот полесно и поедноставно ќе доживеат интензивна сексуална возбуда.
Супер лубриканти
Лубрикантите се многу корисни за жените кои имаат проблеми со лубрикацијата или им треба за постигнување оргазам. Тие дополнително ја влажнат вагината, што го олеснува сексуалниот чин. Повеќето лубриканти не предизвикуваат алергиски реакции, но пред да ги користите прочитајте го упатството. Имаат различни ароми – ананас, јагода, кафе…
Весели лисици
Ако сакате новини во сексот, тогаш лисиците се одличен избор. Тие се меки, не ги стегаат рацете, па слободно може да го/ја врзете партнерот/партнерката за креветот или за некое друго место. Само внимавајте да не го изгубите клучот.
Топчиња за уживање
Топчињата се многу интересна играчка. Освен што ќе ви помогнат да уживате, тие имаат и медицинско значење. Кога топчињата се ставаат во вагината, под влијание на топлината на телото, се шират и собираат. На тој начин ги зацврстуваат вагиналните мускули. Затоа им се препорачуваат на жените во менопауза.
[youtube]http://youtu.be/dpcCxupmC5E[/youtube]
Вибро -јајце
Јајцето што вибрира се става во вагината. Со далечински управувач се контролира брзината на вибрациите и со тоа се зголемува степенот на задоволство. Исто така, додека вибрира, јајцето ги стега вагината мускули, па така има повеќекратно значење за женското тело.
Бидете храбри и пробајте некоја од овие секс играчки за максимално уживање!