Сексуалната едукација сеуште е чувствителна тема, ама светот видел и полошо. На пример, овие ретро совети од светската литература од 1950-тите.
1. Фаќањето им е досадно на девојките, ама го прават заради момците:
„На многу девојки не им е до самото искуство, ама некои од нив се подготвени да ја платат таа цена за да бидат поканети на состанок од така прекрасен маж како што си ти“, Bert Y. Glassberg – 1958
2. И умот мора да е девица
„Не само што умот мора да биде чист, туку и мечтите мора внимателно да се чуваат. Свртете ја главата кога ќе видите безобразна слика, како што тоа би го направиле кога во прашање би била опасна зараза“, What A Man Ought To Know – 1897.
3. Држење за рака – никако!
„Без држење за рака додека гледате филм во кино, дури и ако дечкото тоа го бара. Можеби е во прашање тест за да види дали сте лесни“, Date Data – 1954.
4. Работата низ куќа ќе те спаси од промискуитет
„Домашните обврски, особено рибањето на подот, не само што се супер за женската фигура, туку се добри и за душата. И ќе ви помогне да го исконтролирате сексуалниот апетит“, Ann Landers Talks to Teen-Agers About Sex – 1963.
5. Ако се бакнуваш добро, „преискусна“ си
„Бакнежот не треба да ветува нешта што девојката не планира да ги оствари, и ако ви фали „техника“, уште подобро. Како што реков, бакнежот е како слаткоречив продавач: Ако е премногу добар, се сомневате дека е толку искусен што не е можно да е искрен“, Helen Help Us – 1970
6. Читањето на љубовни романчиња е МНОГУ опасно по вашите гениталии
„Не само што читањето на новели раѓа лажни и нереални идеали за животот, туку и описите на љубовните сцени, или возбудливите романтични епизоди, се отсликуваат во женскиот физикален систем и предизвикуваат абнормална возбуденост во нејзините органи за секс“, What A Young Women Ought To Know – 1913.
7. Кога имаш менструација, никако не смееш да се возиш во кола
„Матката е збиена во текот на овој период, поголема е и потешка од нормално… Патувањето со автомобил или воз може да предизвика повреди во дел од случаите, значително зголемувајќи го протокот на крв“, Woman and Her Sex And Love Life – 1917
8. Вистинските момци чекаат
„Кога момче чека за секс, тој ќе биде подготвен да ја понуди својата „величествена зрелост во замена за приврзаноста и друштвото на величествената девојка“, Marked Trails for Boys – 1931
9. Освен ако не ги „запалиш“
„Не можеш да возбудиш момче и да очекуваш да не се запали“, Helen Help Us – 1970
10. Бла бла краставички, тегла, секс…
„Не би користеле дијамант и платинест брош за да отворите тегла со краставички со нив, нели? Користењето на сексот на погрешен начин води кон истиот резултат“, Ann Landers Talks to Teen-Agers About Sex – 1963