Како да се справите со секојдневното доцнење

Дали сте и вие спаѓате во луѓето кои секогаш доцнат, секогаш стануваат во последните 5 минути, се облекуваат и излегуваат како надвор да е вонредна состојба? Иако многу брзате секогаш стигнувате последни, подоцна забележувате дека половина од работите во вашата торба се заборавени, вашите претпоставени се бесни и по кој знае кој пат ве опоменуваат. Сакате ли да го промените ова?

Психолозите тврдат дека основата на проблемот е во тоа што ние секогаш сметаме дека немаме доволно време и во тоа сме убедени, а никогаш не помислуваме дека можеби сепак проблемот е во нас и дека нешто треба да смениме.

Бидете рални и самокритични

Можеби треба да си дадете време онолку колку што ви е потребно за нештото да биде реално завршено. Доколку вашиот надреден побара нешто да биде завршено што побрзо, вие немојте да ветувате брзина која неможете да ја остварите. Бидете искрени и самокритични. Немојте да му велите дека сето тоа ќе биде готово за еден час иако самите знаете дека без два часа е невозможно.

Не зборувајте го она што тој сака да го слушне туку она што реално можете да го исполните. Верувајте дека на овој начин ќе се чувствувате поопуштено, а вашиот директор сепак на крајот ќе биде задоволен од вашата искреност и точност и вие ќе се ослободите од добар процент на стрес.

Направете распоред

Направете прост и едноставен распоред. На вашиот обичен календар направете распоред така што ќе обележите време од – до, за одговарање на електронската пошта, пиење кафе, појадок, потпишување документи или пренесување во зависност од вашата професија. Верувајте дека овој прост метод многу ќе ви помогне.

Научете да се соочувате со последиците

Да, вие доцните на работа или на факултет редовно, но како не доцните на аеродром или на автобуска? За вакви случаи сте свесни и знаете дека последицата би била штетна за вас. Секогаш кога ќе задоцните на работа или на некој состанок, вадете по десет денари и ставајте ги во некоја каса или подобро давајте му ги некому неповратно. Вака на интересен начин брзо ќе се одвикнете од доцнењето.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -