Повеќето луѓе знаат што им причинува стрес и што ги прави среќни. Едвај сепак размислуваме дека работите кои влијаат на расположението се всушност многу повеќе и се насекаде околу вас.
Хаосот
Нередот доведува до стрес и анксиозност. Сепак барајќи каде сте ги оставиле работите губите драгоцено време. Подобро организирајте се.
Боите
Боите исто така може да влијаат на расположението. Сината боја го забавува пулсот и го намалува крвниот притисок. Зелената дејствува смирувачки и освежувачки. Жолтото носи чиста радост. Пурпурната пак дава сила.
Пушењето
Кај пушачите е поголема шансата да се депресивни, особено кога се зависници од никотин. Подобро пронајдете некоја здрава зависност.
Фејсбук
Ако потрошите многу време на Фејсбук, тоа може да го расипе вашето расположение. Кога ќе се споредите себе си со другите луѓе онлајн, го деградирате своето самопочитување, велат психолозите.
Напредување
Напредувањето на работното место ,создава големо умствено оптоварување. Истражувањата покажуваат луѓето кои чекаат заслуга се за 10 проценти со послабо ментално здравје. Затоа правете го она што го сакате.
Столната ламба
Светнатата светилка ноќе го намалува нивото на мелатонин кој го балансира расположението и се произведува само ноќно време.