Секоја година на Дрисла „гние“ струја за 20.000 домаќинства

Високите сметки за електрична енергија удираат по македонските фирми. Домашните компании полека ја губат конкурентноста на странските пазари, а се намалува и тука, во Македонија. Ако се сублимира што очекуваат како помош од владата фирмите од прехранбената индустрија, како „Витаминка“, од базичната индустрија како Цементарница „УСЈЕ“, и од текстилната А.Д. ,,Мода”, тоа е следново:

-Субвенционирање на цената на електричната енергија.
-Вистинско законско олеснување за брзо поставување на фотоволтаици.
-Тарифи за увезените стоки кои се произведени со субвенционирана електрична енергија.
-Дозвола за увоз на алтернативно гориво и поттикнување да се изградат постројки за преработка на отпадот во Македонија“, пишува „Само прашај“.

Од овие четири мерки, инвестирањето во постројки за преработка на отпад и за добивање на алтернативно гориво, ќе значеше значителна помош во енергетскава криза. Според податоците до кои може да се дојде во Министерството за животна средина и просторно планирање, секоја година на скопската депонија „Дрисла“ гнијат 61 гигават часа (GWh) електрична енергија. Или, електрична енергија која годишно би задоволила потреби на 20.000 домаќинства.

„Само прашај“ пишува дека за да биде појасно, во „Дрисла“, која е единствена легална депонија во државава, годишно се фрлаат скоро 180.000 тони отпад. Од него би можело да се искористат околу 66.000 тони, од кои би се добиле 35.000 тони алтернативно гориво. Ако ова гориво се употреби во термоцентрали, како РЕК Битола, би било доволно да се произведат 61 GWh електрична енергија или 3,2% од производството на оваа централа во 2021 година.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -