Секој десетти Македонец е импотентен, а секоја 15-та Македонка е здодевна и не знае да ужива во сексот.
Експертите велат за да има мир во куќа потребна е квалитетна ерекција и добар сексуален живот.
Импотентноста, најчесто ја чувствуваат мажите по 40-тата година, но во последно време за жал кај многу млади луѓе е се позачестена.
Во Македонија импотентноста е табу тема и најчесто мажите одбиваат да разговараат на оваа тема. Проф. д-р Владо Георгиев, уролог на Клиниката за урологија, во разговор со Курир вели дека е факт тоа што на Балканот мажите не сакаат да си признаат дека имаат проблем со ерекцијата.
– Секоја година се зголемува бројот на пациентите кои сакаат да се лекуваат. Тие доаѓаат на Клиниката за урологија и индиректно ми кажуваат со каков проблем се соочуваат, вели д-р Георгиев. Тој нагласи дека доаѓаат пациенти од секаква возраст.
Често болеста може да биде од психичка природа, за што неопходно е консултација од психолог.