Секој втор си фантазира за друг човек, додека има секс

Повеќе од половина од паровите  фантазираат за друг за време на сексот, а  40% од нив го замислуваат поранешниот, покажува најново  истражување на оваа тема.

Резултатите покажуваат дека мажите и жените почесто фантазираат за луѓе кои ги познаваат, а не за замислени личности или за својот партнер, за време на сексот.

Според експертите фантазиите се корисни за сексуалното здравје, но се штетни за  врската, предупредија од британска компанија за секс играчки, која ја спровела анкетата на 3.000 лица.

Околу 57% фантазираат за некои друг додека имаат секс. 45 отсто од жените признаваат дека тоа им се случува редовно. Истражувањето покажува дека сексуалните фантазии се карактеристични за луѓето помеѓу 35 и 44 години, кои се сеќаваат за искуствата со поранешната партнерка.

Истражувањето покажува дека претставничките на понежниот пол сакаат да фантазираат за друг во спалната соба, една четвртина го прават тоа под туш, а 15% на работното место.

Read more: http://curious.actualno.com/Vseki-vtori-si-fantazira-za-drug-chovek-kogato-pravi-seks-news_30953.html#ixzz335lDD4Qz

- Реклама -