Секој родител би требало да знае дека…(2 дел)

Откако вчера ви откривме неколку мисли за  родителството денеска продолжуваме со уште нови десет работи кои секој родител би требало да ги има на ум.

11. Децата го знаат патот до магијата и со задоволство би ве воделе со себе. Уживајте во магијата додека можете, бидејќи истото тоа дете ќе се ослободи од пелените за миг.

12. Постои тенка линија меѓу уживањето во хаосот и преживувањето. Всушност не постои граница воопшто- се е измешано.

13. Ако обренете внимание, децата ќе ве научат како да се смеете гласно, да сакате длабоко и да живеете исполнето. Децата исто така ќе ги уништат сите ваши работи.

14. Било кој број на деца е многу деца.

soccer_parents

15. Побарајте задоволство. Ќе го пронајдете во минута одмор, или секунда.

16. Ќе паднете од замор и се ќе правите погрешно. Простете си на себе. Побараjте и од вашите деца да ви простат, ако навистина сте згрешиле. Никој не знае на почетокот како е да се биде родител. Ниту на крајот, па ни на средината… Преку вашите примери покажете им како се продолжува понатаму после грешките, бидејќи животните лекции се најдобрите кои можете да му ги предадете на своето дете.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

17. Децата се тешки, комплицирани и волшебни. Како и вие.

child and parent

18. Родителството ќе ве натера да се соочите самите со себе. Можеби е застрашувачки. Секако ќе ве направи силни, повеќе од она што сте мислеле дека можете да бидете.

19. Рамнотежата е мит.

20. Ќе има денови кога ќе се прашате каде е онаа организирана и способна личност која бевте некогаш. И да ќе му зборувате на тоа дете колку го сакате, како е сигурно и како нема да го напуштите, иако знаете дека тоа еден ден ќе ве напушти вас.Тоа е родителството. Трагично и триумфално, откачено и магично, свето и спектакуларно… Секогаш се исплати!

 

- Реклама -