„Секој месец се надевам дека сум бремена, но не успева“

47-годишната актерка веќе има две посвоени деца, Конор и Изабела од бракот  со Том Круз и биолошките ќерки Сандеј и Фејт, но признава дека сака повторно да биде бремена.

„Секој месец се надевам да сум бремена, но не успева. Би скокала од радост, но тоа нема да се случи, имам 47 години “, изјави актерката пред австралиско радио.

Таа, сепак, признава дека на нејзиниот сопруг, за кого е мажена од 2006 година, не му се допаѓа особено идејата. Актерката откри дека двајцата се стремат да одделат некое време за себе во својот презафатен распоред за да ја сочуваат врската силна .

„Не се случило да не се видиме повеќе од седум дена”, раскажа таа.

Nicole+Kidman+Keith+Urban+Nicole+Kidman+Family+NOITJL11gvEl

- Реклама -