Откако добила дијагноза рак, Џенифер Глас секојдневно се бори за живот, но и правото да го заврши својот живот.
Кога Џенифер Глас во октомври 2012 му ветила на својот сопруг дека ќе го сака и почитува и во добро и во лошо, во болест и здравје, се додека смртта не ги раздели, таа не знаела дека тоа време брзо ќе дојде. Само четири месеци после дадениот збор, докторите и дијагностицирале рак на плуќата и веќе било предоцна за операција.
Но, Џенифер не сакала да се откаже, поради себе, поради својот сопруг и нивните деца Таа се бори со агресивна хемотерапија. За да би го документирала нејзиното патешествие, таа секој ден се фотографирала, во текот на 365 дена.
Докторите и рекле дека шансата да преживее во наредните 5 години изнесува отприлика околу 5%. Сепак, Џенифер не се плаши од смртта. Таа не сака да живее одвоено, во болница, приклучена на бројни апарати. Поради тоа се залага и за промена на законот во Калифорнија.