Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Шекил О’Нил би можел наскоро да го облече дресот на мексиканскиот тим Фуерца Реџа, потврди претседателот на овој клуб Серхио Ганем.
Во изјава за „ЕСПН“, Ганем истакна дека популарниот Шек се согласил во октомври да одигра неколку натпревари за тимот од Монтереј.
До договор дошло минатиот месец во време кога славниот кошаркар учествувал на хуманитарна акција во Мексико. Дресот на мексиканскиот тим во минатото го носеа и Денис Родман и највисокиот активен кошаркар на светот Сун Минг Минг кој е висок 236 сантиметри.
О’Нил кариерата ја заврши во 2011 години, и оттогаш работи како НБА аналитичар на телевизиската станица „ТНТ“.