Сека не ја бива, на нејзино место влезе Северина

Борба околу главната улога.

Северина Вучковиќ ќе ја толкува главната женска улога во филмот „Милионер во тело на сиромав“, наместо Сека Алексиќ.

Филмот не започнал да се снима, а веќе доби невиден публицитет. Причината е во настаните поврзани со Сека Алексиќ, на која и била понудена улогата, и коментарите на Ирфан Менур дека на пејачката не и местото на големото платно.

Светлана Сека Алексиќ се откажала од улогата, а се споменуваше дека на нејзино место ќе „влета“ Катарина Богичевиќ или Милица Павловиќ, но од сите нив покрај Сергеј Трифоновиќ која ја толкува главната машка улога, најверојатно ќе ја гледаме Северина во филм.

„Северина го доби сценариото и многу и се допадна. Таа е талентирана и има смисла за глума, а ликот што ќе го толкува можеби повеќе и „лежи“ неа, отколку на Сека“, вели неименуван извор, а потоа потврди и самиот режисер.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

„ Сценариото им беше испратено на Сека и Северина, јас реков дека во таа улога повеќе се пронаоѓа Северина, и не смеам да коментирам ништо, барем додека не започне снимањето. Може само да откријам дека сум задоволен, изјави режисерот.

 

- Реклама -