Седумте смртни гревови на нарцизмот

Дали сте самобендисани? Ако сте невидени нарциси, ова се особините кои што можат да ве заслепат пред реалноста.

1.Бесрамност. Бесрамноста е чувството што стои зад сите манифестации на нездрав нарцизам. Заедно со ова чувство, исто така стои и неможноста да се справиме со срамот на здрав начин.

2. Магичното размислување. Нарцисите се гледаат себеси беспрекорни и совршени, користејќи ја призмата на илузии и изобличување, позната како магично размислување. Тие исто така ја користат проекцијата за да го пренесат срамот врз другите.

3. Ароганција. Ако нарцисот се чувствува понижен, тој може да се надуе и да се возвиши за сметка на понижувањето, девалвацијата и намалувањето на авторитетот на другиот.

4. Супериорност. Нарцисоидната потреба за супериорност се задоволува преку омаловажување на вредноста на лицето кое несвесно со своите способности и квалитети го попречува задоволувањето на оваа потреба на нарцисот.

5. Претензии за овластување. Нарцисите имаат неосновани очекувања за привилегиран третман и автоматска послушност, бидејќи се сметаат за единствени. Секоја непослушност се смета како напад на нивната супериорност, а сторителот се осудува како “незгоден” и “сложен” човек. Отпорот против нивната волја е повреда за нарцисот, а истиот може да го отклучи нарцисоидниот бес.

6. Работењето. Може да се манифестира во повеќе форми. Но секогаш претпоставува експлоатација на другите, без почитување на нивните чувства и интереси. Често другите се наоѓаат во подредена положба, каде што отпорот ќе биде тежок или дури и невозможен.

7. Лошите граници. Другите постојат за да ги задоволуваат нивните потреби или пак воопшто не постојат. Оние кои го обезбедуваат нарцисоидниот ресурс на нарцисот, односно го негуваат нарцисизмот, ќе се сметаат за негови наследници и од нив ќе се очекува да ги исполнуваат понатамошните негови очекувања. Во главите на нарцисите не постојат граници меѓу себе и другите.

- Реклама -