Пред век и половина долгата коса била задолжителна за жените, а најпознатите долгокоси девојки на Америка биле сестрите Сатерленд.
Вкупната должина на косата на седумте сестри била над 12 метри и тие успеале да заработат милиони само поради тоа што имале прекрасна, долга коса.
Ги нарекувале „најпријатните седум чуда на светот”. Сестрите успевале да профитираат од прекрасните коси за реклама, што било многу невообичаено за тоа време. Тие успеале да освојат толку многу пари, што според приходите го надминале секој театар или циркус, споредбата е направена бидејќи кариерата на сестрите започнала под големите шатори.
Заедно со својот брат тие извршувале различни храбри акти, но луѓето доаѓале главно, за да ги видат убавите долгокоси девојки, иако пеењето не им било најсјајно. Набрзо сестрите сфатиле дека можат да заработат доволно само од изгледот и почнале да продаваат лосион за коса.
Во 19 век, поради лошите услови на живот жените страдале силно од губење на косата.Сестрите Сатерленд се уште изгледале волшебно со своите долги коси до земјата. Тие продале над три милиони ампули од својот лосион само во 1890 година. Во тоа време седумте сестри биле навистина светски познати, а статусот на семејството бил огромен за тогашните поими.
Седумте сестри живееле заедно и за потребите на големото семејство изградиле огромен, екстравагантен дом со простран парк. Секоја од нив била чудна, повеќето и не се омажиле, само едната имала деца. Пари трошеле без да мислат и на крајот го завршиле својот живот онака како што тоа почнале – во сиромаштија.
Денес никој повеќе не се сеќава за седумте сестри, иако тие во многу школски примери ја откриле моќта на рекламата и убедувањето со личен пример. Од Сатерленд останале само нивните слики…