Седум знаци дека вашето Его е надвор од контрола (и како да го скротите)

Дали сакате подобро да го разберете егото?

Тука има кратко објаснување за егото, и седум знаци кои ги има некој што не може да го контролира истото.

Разбирањето на егото може да биде малку незгодно, па тука се обидуваме јасно и едноставно да го објасниме. Вашето его е вашата слика за себе, и ви овозможува да бидете свесни за себеси како личност одвоена од сите други. Тоа е „ти“ што повеќето луѓе обично го гледаат. Тоа не е вашата душа, или вашето повисоко себе, туку маската која вашето повисоко себе ја носи во физичката реалност за да се идентификува себеси како поединец. Бидејќи егото е маска над саканото повисоко себе, тоа може да блокира голем дел од вашата внатрешна љубов и добрина, кога премногу силно се потпирате на него. Додека егото има голема улога за нас, егото надвор од контрола може да предизвика лоши и себични дејствувања.

Да се биде свесен дека егото не е вистинско преставување на вашата душа може ви помогне да го намалите малку, и да не ја чувствувате потребата за негово потпирање толку многу. Ако го намалите егото, можете полесно да ја следите интуицијата и водењето од вашето повисоко себе, и ова ќе помогне да донесувате одлуки врз основа на љубов и сочувство, повеќе, отколку на одвојување и оттуѓување.

Еве неколку знаци за его кое е надвор од контрола. Ве молиме сфатете дека сите ние ги правиме овие работи од време на време, и дека тоа е во ред. Со свесноста за егото, можеме да избереме да ја извадиме маската кога не ни служи за добро. Може да запамтиме дека поделбата е само илузија, и дека сите ние сме во ова заедно.

Знаци за егото кое е надвор од контрола:

Често жалење

Расправање и тепање со други

Да се биде дефанзивен кога и да бидете критикувани

Да бидете самокритични, и да зборувате лошо за себеси

Многу е тешко да се извините

Голема нетрпеливост

Осудување на другите

Кога ќе ги видиме овие однесувања кај себеси, тоа е знак дека имаме работа со его кое е навор од контрола, и сме исклучени од нашето високо себе. Секоја од овие активности се јавува бидејќи егото длабоко верува дека е одделено од сè друго во универзумот.

Затоа што егото смета дека е одделено од сè друго, често пати има потреба да ја оправда својата важност за себе и „другите“. Поради ова, егото кое е надвор од контрола може да биде агресвно и непријателски настроено, со цел да докаже дека е „во право“.

Високото јас нема да чувствува потреба да се брани или оправдува себеси. Тоа се фокусира на меѓусебната поврзаност меѓу сите нас, а не поделба која се чини како „вистинска“ во физичката реалност. Како резултат, личноста која е високо поврзана ќе прави избори врз основа на сочувство, трпение и љубов, бидејќи сфаќа дека сите ние сме едно. Знае дека за да им помогнеме на другите треба едноставно да си помогнеме на себеси.

Како да го подобрите:

За оние кои бараат поздрава врска со нивното его, секојдневна медитација е одличен третман. За време на медитацијата, личноста станува улогласена со своето повисоко јас, и може да почне да ги набљудува мислите на егото од повисока перспектива.

Медитацијата е за стивнување на надворешните мисли и за поврзување подлабоко со единството. Кога еден ќе стане вешт во медитацијата, станува полесно да се види егото како маска над вистинското јас. Со време, многу од деструктивните сили на егото ќе исчезнат, и индивидуата која прави избори базирани на егото, ќе може полесно да се идентификува.

Поентата не е да се ослободите од егото или да се казните, туку едноставно да му се даде на егото помалку одговорност. Тогаш можеме да почнеме да носиме одлуки базирани на идејата дека сите сме во овој живот заедно.

- Реклама -