Утрово македонската полиција ја спроведе акцијата „Молња“ во која се поднесени кривични пријави за седум лица. Лицата ја потпомагале криминално терористичката група која се судри со полицијата во Диво Насеље и Гошинце.
Според МВР овие луѓе директно комуницирале со терористичката група, но не биле дел од акциите.
Во домот каде што се вршел претресот, пронајдени биле карти на Голема Албанија, униформи од УЧК, пиштоли, муниција, …
Исто така, портпаролот на МВР, Иво Котевски изјави дека овие лица долго време планирале напади од различен карактер меѓу кои е и оној кој требаше да се случи во центарот на Скопје со цел да се одвлече вниманието на полицијата за она што се случуваше во Дивата Населба во Куманово.