Сите мажи сакаат да готват, некои повеќе, други помалку. Секој маж, сепак има свој стил во кујната кој што открива делови од неговиот карактер.
Еве неколку типови на мажи според нивните вештини во кујната:
1. Господар на решетката. Мажественоста и чадот, овој тип на маж знае како да направи убава скара и разни сосови. Тој е силен и самоуверен и не моли за помош. Кога го бараат за помош, секогаш е тука.
2. Модерен ентузијаст. Во неговата кујна има различни ретки зачини, тој е подготвен да експериментира и да ги импресионира своите гости . Овој тип мажи се екстровертни и љубопитни, не се плашат да потрошат повеќе пари за интересни производи. Тие сакаат да слушаат пофалби за својот труд и ги ценат комплиментите.
3. Фан на микробранова печка. Тој не е вмногу наклонет кон готвењето, па затоа фрижидерот му е преполн со замрзнати полуготови производи. Тој бара пријателска и весела атмосфера на масата. Софистицираните инструкции ќе го одвратат од намерата да подготви нешто по желба и притоа да ужива.
4. Слободен дух. Тој фрла око на рецептот и почнува да го готви на свој начин. Секое негово јадење е помалку уметничко дело. Тој не сака некој да му се меша и да добива совети.
5. Страствен вегетаријанец. Тој не штеди на време и бара само здрави производи. Има јасен став и силно изразена духовна страна. Понекогаш во кујната може да изгледа чудно, но неговиот шарм и вниманието кон секој детал ги компензираат каприците.
6. Вистински домаќин. Ако имате покана од таков тип на маж, треба да очекувате целосна гозба. Тој љубоморно ја чува тетратката со бабините рецепти , подготвува калорични, но многу вкусни јадења и не сака советите во готвењето.
7. Господар на нарачката. Во домот на таков маж има различни флаери од ресторани. Иако ја сака убавата храна, тој нема интерес или време да ја готви , уште помалку да ја чисти кујната потоа. Претпочита нарачка и телевизија.