Седум тајни за успехот на Цукерберг

Стремежот да работи за себе, упорноста, како и  одредена доза на авантуризам му  помогнаа на Марк Цукерберг да стане еден од најмладите милијардери во светот.Само пред една недела основачот на Facebook наполни 29 години, а неговата материјална состојба веќе се проценува на 13,3 милијарди долари.

Погледнете кои се седумте тајни на основачот на најголемата социјална мрежа.

 Да не се откажуваш

Кога се појавил компјутер Quantex 486DX со процесор Intel 486, 10-годишниот Марк го побарал истиот  од родителите . Еве што вели тој:„”По околу еден месец сфатив дека менувањето на  бојата на десктопот е важна. И тогаш почнав да читам книги и да се обидувам  да создавам програми “. Во следните години, тој постигнува импресивни достигнувања и станува професионален програмер.

Работи за себе

Во гимназијата Цукерберг ја  создава за себе програмата Synapse. Тоа е паметен mp3 плеер кој самостојно изготвува плејлисти, проучувајќи  каква музика во кое време во денот и колку често слуша корисникот. Програмите поепознаваат  каква музика корисникот би сакал да слуша, па истиот предизвикува интерес кај  гигантите како Microsoft и AOL. Независно од тоа, Цукерберг  ги одбива  предлозите, вклучувајќи и  работата во една од компаниите.

„Ако човек има мозок, тој едноставно треба да работи за себе “, вели Цукерберг.

mark_cukerberg 1

Проучувај постојано

Независно од фанатичниот занес по програмирање, идниот творец на Facebook не се ограничува во една сфера на знаење. Тој се справувал добро и со математиката и природните науки, проучувал древни јазици и антика, а се  занимава и  со мечување. Дури неговара најсилна страна на  Харвард не била програмирање,  туку  психологија.

„Откако Facebook доби еден милион корисници,  на нас уште ни беше интересно да се надградуваме, па  решивме да го  развиваме  континуирано. Но јас секогаш велел дека ако Facebook е неуспешен, јас ќе се вратам во Харвард:, вели тој.

Малку авантуризам

Идниот основач на Facebook потрошил голем дел од заштедите направени од неговите родители за надоместоците на колеџ, за почетокот на сопствен бизнис Facebook. Но за проект од таков размер тоа не било доволно и Цукерберг  решил да земе неодредено академско отсуство од Харвард и да се пресели во Пало Алто, каде што може да се снајде со финансирање.

„Значи на крајот на летото во Пало Алто , седевме со моите пријатели и мислевме дали треба ли да се вратиме на Универзитетот, или треба да ги земеме парите на инвеститорот и да видиме што ќе се случи. Го одбравме второто, но и во иднина повторно го правевме истиот избор на почетокот на секој семестар “, вели Марк.

Работи деноноќно

Цукерберг  и неговиот тим трпеливо работат над Facebook, посветувајќи го целото слободно време. По стартувањето  на социјалната мрежа, тој признава дека го  напишал кодот за самоедна  недела со помош на своите колеги Едуардо Северин, Дастин Московиц, Ендрју Маклум и Кристофер Хјуз. Потоа сепак работата се зголеми.

„Вистинската приказна на Facebook се состои во тоа дека ние работевме многу.  Само седевме на компјутерите во овие шест години и пишувавме “, вели Цукерберг.

facebook_1438066f

Промени го светот

Во делот „Биографија” на личната страница на Цукерберг стои формулирата за  неговиот успех: „Се обидувам да го  направам светот отворен”. И може да се каже дека Марк сигурно оди кон својата цел. На 4-ти октомври 2012-та бројот на корисниците на Facebook надмина една милијарда. Благодарение на Facebook, милиони луѓе од различни земји можат да комуницираат едни со други, да споделат слики, белешки и видео клипови. Цукерберг одбил многу понуди за купување на социјалната мрежа и не застанува таму. Независно од популарноста , Facebook често се менува, барајќи нови можности и корисници.

Не мисли на профитот

Кога го создал Facebook, Цукерберг  не мислел на  профитот и парите што ќе му донесе мрежата. Тој само го правел она што навистина го сакал. Според  неговите зборови, тој дури и не мислел да ја создава компанијата:

„Facebook не беше за мене ниту работа, ниту задоволство. Тоа беше мисија, а  тоа е она што ми дава енергија, тоа е единственото со што сакам да се занимавам во животот “, вели тој.

- Реклама -