Седум секс заповеди гарантираат незаборавна акција

Мажите ги возбудува погледот врз женското тело. 

Затоа, драги жени оваа статија ви ја посветуваме вам. Искористете го адутот што го имате и направете спектакуларно шоу, само за очите на вашиот најдраг.

Доколку во креветот ви се вовлекла монотонија или пак страстите спласнале, не грижете се, постојат ситници кои можат да ја поправат состојбата под покривката. Претворете ги во заповев и уживајте во незаборавна акција во креветот.

1. Засакајте го своето тело

Од вашата кожа не можете да побегнете, па затоа најдобро е да се прифатите онакви какви што сте. Мажите ќе ги одбие нагласувањето на телесните недостатоци, а доколку не ги споменете, тие нема да бидат забележани.

2. Натерајте го да чека

Колку повеќе чека, толку повеќе ќе ве посакува. Играјте си со прерамките од градникот, шепотете му на уво и забранете му да ве допира, се додека самите не допуштите. Желбата по вас ќе го излуди.

3. Допуштете му да ве гледа

Мажите ги возбудува погледот врз женското тело. Искористете го адутот што го имате и направете спектакуларно шоу, само за очите на вашиот најдраг.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Make-Small-Talk-Sexy-Review

4. Посветете внимание на неговите ерогени зони

Исто како и жените, и мажите имаат повеќе од една ерогена зона, но често не им обрнуваме доволно внимание. Изненадете го и полудете го.

5. Изразете ги вашите желби и потреби

Дајте му точни упатства како да ве поведе до небото и назад. Немојте да се срамите, и двајцата ќе уживате.

6. Охрабрете го партнерот

Наспроти фактот дека сите мажи се бестрашни, помислата дека нема да може да ве задоволни, може да го исплаши. Охрабрете го и уверете го дека тој е ониј кој знае и може се што вие ќе посакате.

7. Направете прв чекор

Мажите често приговараат како тие се оние кои мораат да го направат првиот чекор. Изненадете го партнерот и врвниот секс е загарантиран.

- Реклама -