Седум групи на возачи

Лондонскиот колеџ за економија и политички науки во соработка со компанијата Goodyear направи истражување, па како резултат на ова возачите на автомобили се поделени на седум групи, во зависност од нивното однесување на патот. Секоја од нив доби дефинитивно свое име:

Наставници

Тоа се луѓето кои се целосно сигурни дека останатите возачи се свесни за своите грешки. Овие возачи очекуваат другите учесници во сообраќајот да им се извинат и дури да им се заблагодарат за советите кои им ги дале.

Сезнајковци

Тие секогаш возат со мислата дека останатите автомобили на патот се управувани од некомпетентни луѓе. Претставниците на оваа група сакаат да доминираат во однос на другите учесници во сообраќајот, постојано критикуваат, довикуваат, но никогаш не излегуваат од својот автомобил.

Ловци на ривалство

Овој тип на возачи секогаш се обидуваат да ги поправаат останатите и насилно го изразуваат незадоволството. Тие забрзуваат нагло и го намалуваат растојанието со автомобилот пред нив, за да не му овозможат на некој да влезе на малку испразнетото место.

Бесилка

За нив она што го прават останатите на патот, не е правилно и тие се обидуваат да ги казнат другите возачи. Подготвени се дури да излезат од својот автомобил, за да се сретнат очи во очи со противникот и да го казнат.

Филозофи

Тие немаат ништо против некоректните маневри на останатите. Дури нешто повеќе, се обидуваат да најдат рационално објаснување за нивните грешки.

Избегнување ризик

Тоа се возачите кои се обидуваат да се држат што е можно подалеку од останатите учесници во сообраќајот. Всушност тие претставуваат една од најголемите опасности за другите возачи, бидејќи понекогаш нивните дејства кријат огромни ризици.

Бегалци

На нив воопшто не им е гајле што се случува на патот, туку се обидуваат да избегаат од мејнстримот. Користат секакви начини да се “исклучат” од реалноста, а најчесто тоа се случува со помош на музика или со мобилниот телефон.

- Реклама -