Сите филмови македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе се прикажуваат на Македонската радиотелевизија (МРТ). Манчевски преку „Фејсбук“ го најави својот придонес и поддршка на вонредните мерки во државава.
„И дома е убаво со „Пред дождот“. Денес во 22ч. филмот „Пред дождот“ на МРТВ. Сите филмови на Манчевски на МРТВ како поддршка на вонредните мерки. В недела Мајки. Наредниот викенд Сенки и Бикини Мун.
#Седидома со Милчо“, порача режисерот.