Во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 посветено на сведоштва од трагичната автобуска несреќа, Седат раскажува како спасил две лица од превртениот автобус.
„Станува збор за Јасмина, која е Македонка, а која беше заглавена од другата страна на автобусот, каде таа беше целосно покриена со нејзината јакна. Јас слушнав само еден глас како вели: ‘не можам да дишам, не можам да дишам’, додека покрај неа беше Дарко, кој исто така е жив.
Јас случајно го носев овој мал нож приврзан на клучот од мојот автомобил, и со него се обидов да ја исечам нејзината јакна и да и ја ослободам раката, за да може да дише.
Додека на Дарко, кој исто како и другите патници беше легнат на грб, морав да му дадам и вода, да му ги измијам очите. На одреден од број од нив, требаше странично, преку мојата рака да им дадам вода за да можат истовремено да дишат. Имаше различни начини, со цел да им се даде некаква надеж, бидејќи навистина беа тешки случаи, кои ретко се доживуваат. Не може да се прераскаже се во неколку зборови, тешко се наоѓаат зборови на место.
Навистина се работеше за тра*ични случаи, навистина не знам од каде ни дојде сета таа сила, сета таа храброст, од каде излегоа толку млади момци…“, рече Седат во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21.
Седат и стана познат на јавноста со апелот преку кој се обидуваше да ја најде Јасмина на која ѝ помогна да преживее под автобусот и пред неколку дена конечно ја најде. Само да биде жива Јасмина – била неговата најголема желба.
Тој неколку денови безуспешно барал информации низ болничите ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името. Поради тоа, Седат преку медумите побара помош да ја пронајде.
Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека од него било побарано да му помогне на Садет да ја пронајде девојката.
Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина.Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот.
„Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам“, рече Садет. Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. Ти благодарам Садет на твојата посветеност, ти си вистински херој!”, напиша Филипче.