Seat ја лансира спортската Ateca FR

SEAT објави дека за време на меѓународниот салон во Барселона, на 11 мај, ќе се одржи светската премиера на спортската модификација FR на Ateca за која од компанијата коментираат дека веќе има нарачки за над 40.000 примероци.

Со Ateca FR од Seat го прошируваат расположливото портфолио на моделот, во кое во моментов фигурираат нивоата Reference, Style и XCellence. Новиот предлог на шпанската марка доаѓа со адекватна на ова топ-ниво на опрема, но со дополнителен акцент на динамиката и спортското емитување. За таа цел, возилото доби црни шини на покривот и рамки на стаклата, специјална решетка на предната маска, со специјално развиени за верзијата предни и задни браници, диодни дневни светла… SEAT Ateca FR доаѓа со 19-инчни фелни, црн заден спојлер, алуминиумски прагови со логото FR, повеќенаменски спортски управувач со кожен тапацир, спортски седишта, педали со алуминиумски влошки…

Од Seat коментираат исто така дека Ateca ќе се нуди со дволитарскиот TSI мотор со 190 коњски сили. Достапен исто така, е и избор меѓу рачен и роботски DSG менувач, како и варијанта со погон на сите четири тркала.

- Реклама -