SEAT го изложи новиот Leon SC во Барселона

SEAT го претстави Leon SC денес на Меѓународниот автомобилски саем во Барселона, новата верзија со три врати на компактниот шпански модел, кој е предвидено да се појави во салоните кон крајот на месец мај.

На првиот прес-ден на саемот во Барселона, директорот на SEAT Шпанија, Mikel Palomera истакна дека „SEAT речиси целосно го обнови целосниот производен состав изминатата година и пол, така што оваа производна офанзива се исплати како во нашата земја, така и на меѓународните пазари. Во Шпанија, не само што SEAT беше очигледен лидер на пазарот на продажба минатиот април, туку ние продолжуваме да ја одржуваме лидерската позиција во продажбата оттогаш па до денес. Досега, во оваа година продажбата на SEAT порасна за околу 13%, што ни овозможува 9,5% пазарен удел, што е за 0,5% подобро од минатата година“.

SetRatioSize900650-GENERACION-LEON-2-CARS

Овие цифри јасно ја покажуваат огромната популарност што новите модели на шпанскиот бренд ја уживаат во јавноста, имајќи предвид дека Ibiza беше најдобро продаван модел минатиот април, а во својата класа е апсолутно најпродавана од 2001 година. Од друга страна пак, новиот Leon беше неприкосновен во продажбата на компактни модели со три и пет врати, а Toledo е најпродаван автомобил во класата компактни лимузини.

SetRatioSize900650-GENERACION-LEON-FRONTAL

Истовремено, Mikel Palomera го најави пристигнувањето на еколошката верзија на новиот Leon: „Наскоро ќе ја лансираме Ecomotive верзијата на третата генерација Leon, со емисија на CO2 од само 85g/km – фантастичен пример на ефикасна технологија“. До крајот на 2013 година, асортиманот на Leon ќе продолжи да се проширува со пристигнувањето на ST семејната верзија.

SetRatioSize900650-M-LIS2208

Нови и атрактивни 4KIDS верзии

Другиот новитет што SEAT го претстави на Автомобилскиот саем во Барселона се 4KIDS верзиите што шпанскиот бренд ги нуди за семејните Ibiza ST, Altea, Altea XL и Alhambra модели.

Заради тешката економска клима во која се наоѓа автомобилскиот сектор, шпанскиот производител на автомобили SEAT е целосно свесен за потребата за стимулирање на продажбата на автомобили, така што вложи посебен напор со цел да ги направи што повеќе достапни за потрошувачите. Посебната промотивна активност се проширува со 4KIDS верзиите на Ibiza ST, Altea, Altea XL и Alhambra. Најпривлечната карактеристика на овие нови верзии се нивната предизвикувачка вредност за парите, имајќи го предвид и тоа дека посебната воведна понуда вклучува значителен попуст на повеќе од 60% на пакет опремата што доаѓа со нив.

Овие нови верзии претставуваат единствена можност за потрошувачите да купат целосно опремен SEAT модел по извонредно конкурентна цена. Освен тоа, во текот на месец мај SEAT ќе продолжи да ги удвојува условите од овогодинешната програма за поттикнување на нови и ефикасни возила (PIVE 2), спонзорирана од Владата, со својот сопствен SEAT Double PIVE план кој, меѓу другите поволности вклучува 4.210 евра попуст ако потрошувачите се одлучат да го финансираат купувањето преку SEAT кредит.

- Реклама -