Сеад Кочан е во затвop, Алфите го привеле и покрај тоа што бил на апарати

Во моментов бизнисменот Сеад Кочан се наоѓа во затворот Идризово на издржување на затворска казна од 4 години и 8 месеци, потврдуваат од МВР и кривичниот суд откако „Алфите“ вечерва, по 22 часот, го привеле осудениот во случајот на СЈО – „Труст“, објавија медиумите.

Од судот велат дека судијата за извршување на санкции наредбата ја издал откако барањето на Кочан за одложување на казната го прогласил за недозволено.

Како што пишува „Плусинфо“, пак, „Алфите“ насилно го привеле бизнисменот, иако тој бил приклучен на апарати за кислород и докторите инсистирале дека е со наод за срцева болест.

 

- Реклама -